Ветувањето, објавено на 8 септември од организацијата Филмски работници за Палестина, собрало потписи од режисери како Јоргос Лантимос и Мајк Ли, но и актери како Марк Рафало, Тилда Свинтон и Ајо Едибири. Во соопштението се наведува дека дел од израелските филмски компании и фестивали се соучесници преку „заташкување или оправдување на геноцидот и апартхејдот“ или преку партнерства со израелската влада.
Организаторите потсетија дека иницијативата е инспирирана од кампањата „Филмски творци обединети против апартхејдот“ од 1980-тите, кога повеќе од 100 уметници, меѓу кои и Стивен Спилберг, побараа американските филмови да не се прикажуваат во тогашна Јужна Африка.
Меѓу потписниците на сегашното ветување се и Ава ДуВернеј, Адам Мекеј, Буц Рајли, Ема Селигман, Џошуа Опенхајмер, Гаел Гарсија Бернал, Риз Ахмед, Мелиса Барера и Хавиер Бардем.
Извор: N1info.rs