На 19 февруари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, сцената на Националната опера и балет ќе биде домаќин на врвен џез-настан – концерт на Националниот џез оркестар со реномираниот пијанист и органист 𝐑𝐞𝐧𝐚𝐭𝐨 𝐂𝐡𝐢𝐜𝐜𝐨, во рамки на проектот 𝑂𝑟𝑔𝑎𝑛 & 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑.
Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестро Џијан Емин, а вечерта е посветена на звукот и можностите на хамонд-оргулите во современ биг-бенд контекст.
Renato Chicco е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Како член на оркестарот на Lionel Hampton и музички директор на Jon Hendricks & Company, тој активно учествувал во срцето на американската биг-бенд традиција, настапувајќи во легендарни клубови како Blue Note и Birdland. Денес, неговиот авторски печат најсилно се препознава токму преку хамонд-оргулите – инструмент кој во овој проект е поставен во центарот на оркестарскиот израз.
Публиката ќе има можност да ја слушне програмата од албумот 𝙁𝒊𝙧𝒔𝙩 𝙀𝒏𝙘𝒐𝙪𝒏𝒕𝒆𝙧 – 𝙊𝒓𝒈𝒂𝙣 & 𝘽𝒊𝙜 𝘽𝒂𝙣𝒅, составена од оригинални композиции и специјално создадени аранжмани што го спојуваат класичниот биг-бенд звук со современ џез-израз.
Специјален гостин на концертот е американскиот бубњар Andy Watson (Њујорк), со богата кариера и соработки со ансамбли како Vanguard Jazz Orchestra и Toshiko Akiyoshi Big Band, чиј препознатлив грув е клучен дел од звучниот идентитет на проектот.
Билетите се достапни онлајн на mktickets.mk, како и на продажните места на MKTickets.
50% попуст за студенти и пензионери ќе биде овозможен на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.
