Пред самиот крај на годината, Националниот џез оркестар најавува уште еден музички спектакл – Новогодишен детски џез концерт од најмладите за најмладите, на кој ќе бидат изведени светски најпознатите и најубавите новогодишни композиции.
Концертот е закажан во Недела, 15 декември, во 12 часот во Македонска Филхармонија.
,,Овој пат, ќе ги споиме искуството со младоста и талентот. Нашата сцена ќе ја разубават и ќе ја делат со Националниот џез оркестар следните учесници: Лена Илиевска, Алексеј Ивановски, Нела Манческа, Ирина Давидовска, Бисера Мојаноска, Хорот при ООУ „Дане Крапчев,“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев. Балетското студио за класичен балет и модерен танц “Балерина,” предводено од балетскиот педагог Маја Каревски” велаѕ од Џез Оркестарот.
Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин.
Оркестарот продолжува со тенденцијата да ја доближи џез музиката до сите генерации, а овој концерт ветува добра музика и забава за целото семејство во нaјубавиот период од годината.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба наскоро.