Национален штрајк на вработените во железницата во Италија

Поради националниот штрајк на вработените во железничкиот сообраќај во Италија, возовите на многу делници или не сообраќаат, или пристигнуваат со задоцнување.

Патниците на главната железничка станица Термини во Рим се соочуваат со откажување на возови или доцнење од дури 90 минути, пренесува агенцијата Анса.

Штрајкот ќе трае до полноќ. Според достапните информации, патниците се информирани дека многу возови ќе имаат задоцнување и ќе се менува возниот ред.

Штрајкот се однесува на персоналот кој работи во возењето, како и на работниците задолжени за сообраќајот и оперативните железнички услуги, додека пак работниците во секторот за одржување на инфраструктурата веќе стапиле во штрајк на 11 април.

Штрајкот е организиран од синдикатот „USB“, кој истакнува дека возовите на долги релации нема да штрајкуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни