Најавен Националниот студентски дебатен турнир 2025

Академски натпревар во Британски парламентaрен формат – отворање на пријавите за студенти од целата држава

Со особено задоволство е најавен Националниот студентски дебатен турнир 2025, настан кој претставува една од најзначајните платформите за младинска дебата, критичко размислување и академска аргументација во земјава. Турнирот ќе се одржи на 20 и 21 декември на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје, со учество отворено за студенти од сите универзитети во државата.

Организаторите најавуваат динамични рунди, интригантни тези и високо ниво на компетитивност, ветувајќи на учесниците искуство кое ги развива реторичките, логичките и аналитичките вештини – клучни алатки за секој млад човек што сака активно да учествува во демократските процеси.

Овој годинашeн турнир ќе се одвива во форматот Британска Парламентарна дебата, кој е меѓународно признат и користен на најголемите светски универзитетски натпревари. Ќе бидат одржани четири прелиминарни рунди, по што следуваат полуфинале и финале. Настанот ќе се реализира целосно на македонски јазик.

Пријавувањето е отворено до 12 декември 2025 година, а студенти што немаат партнер може да се пријават индивидуално – организаторите ќе ги поврзат со друг заинтересиран учесник.

Настанот е во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Центарот за студентска дебата при Правниот факултет “Јустинијан Први”, како дел од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Студентите кои сакаат да бидат дел од турнирот може да се пријават преку формуларот достапен на следниот линк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни