Концерт на Националниот џез оркестар и Шеун Кути во рамки на „Охридско лето“

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на 10 август 2025 година на сцената во Долни Сарај, заедно со својот гостин – енергичниот и инспиративен Шеун Кути, саксофонист, вокален уметник и музички наследник на легендарниот Фела Кути. Диригент на концертот е Џијан Емин.

Се очекува коцерт полн со енергија, слобода и автентичен звук кој ги надминува сите граници. Афро-џез експлозија која го слави животот и културната моќ на музиката од Нигерија до Охрид. Овој концерт ќе започне во 21 часот, а билетите можат да се купат преку следниот линк: https://shorturl.at/NogRj

Фестивалот „Охридско лето“ e eдна од најзначајните манифестации во Македонија како успешна приказна која секоја година се дополнува и развива, која годинава одбележува 65 години со бројни концерти. Токму поради неа, Македонија се вброи во мапата на земји со значајни европски фестивали, а бројни уметници и нивните изведби беа донесени во Охрид. Фестивалот и неговата традиција се посветени на негување на националните вредности кои ја афирмираат македонската култура и нејзините врски со Европа и светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни