Љубовниот живот на Џони Деп се најде во центарот на вниманието на јавноста кога се одржа судењето меѓу него и неговата поранешна сопруга Амебра Херд. Денеска ви пренесуваме цитати од овој актер и музичар кои доволно зборуваат за неговиот личен живот и разбирањето на љубовта:
1. „Со светот, знаете, владеат жени. Во споредба со нив, ние мажите сме само слабички“.
2. „Невозможно е да се пронајдеш себеси – можеш само да се создадеш себеси“.
3. „Луѓето не плачат затоа што се слаби, туку затоа што се силни предолго“.
4. „Можете да ги затворите очите пред она што не сакате да го видите, но не можете да го затворите срцето пред она што не сакате да го почувствувате“.
5. „Тоа е само лош ден, а не лош живот“.
6. „Ако изборот е помеѓу „да“ и „не“, тогаш „да“! Направете го тоа. Бакни ја, прегрни ја, фати ја, запознај ја, кажи ѝ. А и да испадне дека е глупост, барем сте се обиделе.“
7. „Оној што го видел раѓањето на своето дете, како јас, никогаш нема да се сомнева во моќта на жената. Тие се посилни од нас. За нив не постои такво нешто како глупост – само најважните работи. Живот, деца, слобода. Тие не гледаат смисла во вечниот живот – затоа што животот продолжува преку децата, и тоа е доволно. Тие не се освојувачи – светот веќе им припаѓа, затоа што тие се способни да создадат нов живот.“
8. „Подобро е да си грд отколку да бидеш убав и да се претвориш во грда личност.“
9. „Ако сакаш двајца луѓе во исто време, изберете го вториот. Ако го сакаше првиот, немаше да се заљубиш во вториот.“
10. „Не плашете се од своите непријатели, плашете се од пријателите. „Пријателите изневеруваат, а не непријателите!