На втори јули започнува ЕП во фудбал за жени

Бранител на титулата европски шампион е Англија, додека најголем фаворит за освојување на тројефот е селекцијата на Шпанија

Од втори до 27 јули во Швајцарија ќе се одржи европското фудбалско првенство за жени.

На 14тото Европско првенство ќе настапат 16 селекции поделени во четири групи.

Во групата А ќе играат селекциите на домаќинот Швајцарија, Норвешка, Исланд и Финска, во групата Б Шпанија, Португалија, Белгија и Италија во групата Ц Германија, Полска, Данска и Шведска и во групата Д ќе настапат Франција, Англија, Велс и Холандија.

Бранител на титулата европски шампион е Англија, додека најголем фаворит за освојување на тројефот е селекцијата на Шпанија.

Натпреварите ќе се играат во осум градови, а финалето на 27 јули со ќе се одигра на стадионот во Базел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни