Од втори до 27 јули во Швајцарија ќе се одржи европското фудбалско првенство за жени.
На 14тото Европско првенство ќе настапат 16 селекции поделени во четири групи.
Во групата А ќе играат селекциите на домаќинот Швајцарија, Норвешка, Исланд и Финска, во групата Б Шпанија, Португалија, Белгија и Италија во групата Ц Германија, Полска, Данска и Шведска и во групата Д ќе настапат Франција, Англија, Велс и Холандија.
Бранител на титулата европски шампион е Англија, додека најголем фаворит за освојување на тројефот е селекцијата на Шпанија.
Натпреварите ќе се играат во осум градови, а финалето на 27 јули со ќе се одигра на стадионот во Базел.