„На вистински пат сме“! Се огласи Путин по разговорот со Трамп: На повидок е голем пресврт, Русија е подготвена да соработува со Киев

Трамп изразува надеж дека разговорите може да доведат до примирје и крај на војната

Разговорот бил закажан по неуспешните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбу

Разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин заврши, а Путин рече дека му изразил благодарност на Трамп за учеството на САД во продолжувањето на директните разговори меѓу Русија и Украина. Тој го изрази својот став за прекин на непријателствата во Украина.

Путин истакна дека Русија е подготвена да работи на меморандум со Украина, вклучувајќи и прекин на огнот.

Според РИА, разговорот траеше повеќе од два часа и беше „многу информативен и корисен“. Тие ја цитираат изјавата на Путин:

„Сè на сè, ние сме на вистинскиот пат“.

Државната новинска агенција ТАСС објави дека Путин рекол дека Русија и Украина мора да се договорат за „компромиси што им одговараат на двете страни“ пред да се постигне прекин на огнот.

Беше наведено и дека рускиот претседател поддржува „мирно решение на украинската криза“ и дека е подготвен да соработува со Киев за меморандум за идните мировни преговори.

Руската државна телевизија објави дека Владимир Путин води телефонски разговор со Доналд Трамп од музичко училиште во туристичкиот град Сочи, на југот на Русија, каде што денеска престојува.

Авторот на програмата „Москва. Кремљ. Путин“ Павел Зарубин објави дека оваа информација ја потврдил и портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков.

Ова е трет разговор меѓу шефовите на држави откако Трамп ја презеде функцијата. Тие првпат комуницирале на 12 февруари, вториот пат на 18 март.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имаше краток телефонски разговор со Доналд Трамп, кој се одржа пред средбата на американскиот претседател со Владимир Путин, изјави за Ројтерс извор запознаен со настанот.

Изворот рече дека Трамп го повикал Зеленски „неколку минути“ пред средбата со лидерот на Кремљ. Кабинетот на украинскиот претседател не ја коментираше објавата на Ројтерс за повикот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни