Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец.
Граѓаните ќе уживаат во убавото време и утре, бидејќе УХМР соопштува дека минималните температурите ќе се движат од 6 до 12 степени, а максималните од 20 до 26 степени.
И почетокот на наредната недела во понеделник (22 април) не очекува слично време. Минималнатал температура во државата ќе се движи од 7 до 11 степени а максималната од 19 до 25 степени.
Минималните утрински температури ќе изнесуваат од 5 до 11 степени Целзиусови, а максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 27 степени Целзиусови.