На утрешната промоција на аналитичкиот центар „Интелигентна Хумана Иднина“ќе се дискутира за „ВИ – меч со две оштрици“

Утре точно напладне, промоција ќе одржи новоформираниот Тинк-Тенк „Интелигентна Хумана Уднина“ (И-ХИ). Настанот кој ќе започне во 12 часот во Граѓанскиот ресурсен центар, во Скопје, ќе вклучува и претставување на првиот позициски документ со наслов „Вештачката интелигенција – Меч со две сечила“ како и дебата за повеќе аспекти што произлегуваат од оваа трансформативна технологија. 

Главна тема на настанот ќе биде: Забрзаното темпо на воведување на вештачката интелигенција која носи предизвици и можности во многу сфери на животот – од трансформиран пазар на труд и заштита на индивидуалните права и приватност, па сè до потенцијални социјални нееднаквости и зголемена продуктивност, ефикасност и економски просперитет.

„Ова ја нагласува потребата од постепено и внимателно воведување на ВИ заедно сосоздавање на стратешки и правни рамки“, пишува во соопштението до медиумите на „Интелигентна Хумана Иднина“.

На настанот ќе се дискутира за можностите и за етичките аспекти на вештачката интелигенција (ВИ), и како оваа технологија може да биде воведена како двигател на напредокот, но истовремено и да служи на човештвото на начин што ќе обезбеди правичност и одржлив развој.

На утрешната официјална промоција говорници ќе бидат, експертот за односи со јавност, медиуми и комуникации, Валентин Нешовски, политикологот Тони Поповски. Дебатата ќе ја отоври, менаџер, експерт во индустријата, претприемач, Владимир Владимиров од Бугарија.

Покрај нив, на настанот ќе учествуваат експерти за ВИ, креатори на политики, претставници на граѓанскиот сектор и претставници на ИТ секторот, кои ќе дебатираат за потенцијалите на ВИ како фактор за општествен напредок, економска стабилност и зајакнување на заедницата, доколку се управува врз основа на етички принципи и одговорност.

И-ХИ Тинк-Тенк е посветен на унапредување на хуманата употреба на вештачката интелигенција, спречување на социјални нееднаквости поврзани со брзиот технолошки развој и создавање на правни рамки што ќе овозможат праведна имплементација на ВИ во општеството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни