Актерот, како што објавија американските медиуми, ангажирал двојник за да врти страници од книга за последното продолжение на филмот „Невозможна мисија“.
Според медиумите, поради неговиот набиен распоред, Круз побарал помош за оваа лесна задача.
„Том напорно работеше на филмот. Иако тој е познат дека сам си ги прави сите акробации, мораше да се ангажира двојник за рацете за тој да може да одмори“ вели извор од сетот на филмот.
Корисниците на социјалните мрежи се шегуваа со податокот, истакнувајќи дека прави толку многу акробации што вртењето страници додека се снима веројатно било предосадно за него.