На „темната страна“ на Месечината имало активни вулкани

Пред милијарда години имало активни вулкани на темната страна на Месечината, открија американски и кинески истражувачи, јавува Би-би-си.
Фото: НАСА

Анализата на примероците собрани од кинеската мисија откри фрагменти од базалт (вулканска карпа формирана по ерупција на вулкан) стари повеќе од 4,2 милијарди години.

Додека научниците веќе знаеја за вулканска активност на блиската страна на Месечината, што можеме да ја видиме од Земјата, темната страна е многу различна по својата геологија и останува во голема мера неистражена. Темната страна на Месечината секогаш е свртена од Земјата и не може да се види.

Примероците од карпи и прашина беа собрани од вселенското летало Чанге-6, а предводени од експерти од Кинеската академија на науките, истражувачите користеа радиометриско датирање за да ја одредат староста на вулканската карпа.

Нивната анализа за време на двомесечното истражување, исто така, откри дека последната ерупција се случила пред 2,83 милијарди години, односно многу поскоро отколку на страната од Месечината свртена кон Земјата.

„Ова е неверојатно возбудливо истражување“, напиша професорот Киули Ли од Институтот за геологија и геофизика во научен труд објавен во петокот во списанијата Nature и Science.

„Тоа е првата геохронолошка студија што доаѓа од примероците на Чанге-6 и ќе биде од огромно значење за лунарната и планетарната научна заедница.“

Иако нашироко позната како темната страна, тој дел од Месечината всушност прима многу сончева светлина, но ние едноставно не можеме да ја видиме од Земјата.

Првата слика од далечната страна е направена од советското вселенско летало Луна 3 во 1959 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни