На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, ГП Блаце околу 30 минути, соопшти АМСМ

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна во моментов се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, ГП Блаце околу 30 минути, соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни