11 февруари – меѓународен ден на жените и девојките во науката

На светот му треба наука, а на науката ѝ се потребни жени и девојки

Во 2025 година се одбележуваат две значајни пресвртници во глобалните напори за промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените: 10 годишнина од Меѓународниот ден на жените и девојките во науката (IDWGS) и 30-годишнина од Декларација од Пекинг

Родовата еднаквост во науката е клучна за градење подобра иднина за сите, но сепак жените и девојчињата продолжуваат да се соочуваат со системски бариери и предрасуди во процесот на градење кариери во науката. Одбележувајќи го денешниот ден, Обединетите Нации објавила поразителни бројки. Повикувајчи се на студија од 2022, ОН тврдат дека секоја втора жена научник пријавила дека доживеала сексуално вознемирување на работа. Во најсовремените области како што е вештачката интелигенција, само еден од пет професионалци или 22% е жена. Според ОН, жените сè уште претставуваат само 28% од дипломираните инженери и 40% од дипломираните студенти по компјутерски науки и информатика.

„На десетгодишнината од овој значаен ден, и додека се потсетуваме на 30 годишнината од Декларацијата во Пекинг, да помогнеме да се отвори патот кон STEM кариерите коишто ги заслужуваат жените и девојките, а коишто му требаат на нашиот свет“, вели Антонио Гутереш, Генерален секретар на ОН на меѓународниот ден на жените и девојките во науката.

Според податоците на UN Woman, само 30 отсто од истражувачите ширум светот се жени, а само 35 % од сите студенти запишани во областите на студии поврзани со STEM (science, technology, engineering and mathematics) се жени.

Неодамнешните студии покажаа дека жените во областите STEM објавуваат помалку трудови, за нивното истражување помалку се платени и не напредуваат колку мажите.

Но и покрај ова, велат од UN WOMAN, жените и девојките продолжуваат да ги предводат иновациите и револуционерните истражувања. Тие создадоа лек кој спасува животи и ја скршија звучната бариера, го истражуваа универзумот и ги поставија темелите за разбирање на структурата на ДНК. Тие се инспиративни примери за нашите идни генерации.

Премостувањето на родовиот јаз во STEM областите е од витално значење за постигнување на целите за одржлив развој (Агенда за одржлив развој 2030) и за создавање инфраструктура, услуги и решенија кои работат за сите луѓе, согласни се Обединетите Нации. Додаваат дека затворањето на родовиот јаз во науката бара разбивање на стереотипите, поддршка на унапредувањето на жените преку насочени програми и поттикнување на инклузивни средини преку политики и акции коишто промовираат инклузија, различност и еднаквост.

Бизнис заедницата, науката и истражувачките институции имаат удел во премостувањето на родовиот јаз. UN Women повикува на инвестиции и можности за жените и девојките да учат, да растат и да создаваат иновации во науката и во технологијата, а компаниите ширум светот да ги усвојат принципите за зајакнување на жените кои промовираат родова еднаквост и зајакнување на жените на работното место, пазарот и заедницата.

Свој осврт на меѓународниот ден на жените и девојките во науката дава и Информативниот центар на ОН во Вашингтон. Според нивните податоци, по дипломирањето, жените во САД сѐ помалку бараат работни места во областите STEM. Иако тие сочинувааТ 47% од работната сила во САД, во 2023 година, жените имаа само 7% од 12-те милиони работни места во областите STEM.

Според Светската банка, во светот, жените сочинуваат 28 отсто од инженерството и 40% од дипломираните во областа на компјутерски науки.

Инаку, Генералното собрание на Обединетите Нации на 20 декември 2013 година усвои резолуција за науката, технологијата и иновациите за развој, во која призна дека целосниот и еднаков пристап и учество во науката, технологијата и иновациите за жените и девојките од сите возрасти е императив за постигнување родова еднаквост и зајакнување на жените и девојките.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни