На сред концерт се степаа пејачот и гитаристот на „Jane’s Addiction“

Фронтментот на бендот „Jane’s Addiction“, Пери Фарел предизвика хаос на сцената откако го удри гитаристот Дејв Наваро за време на концерт, што резултираше со прекин на настапот.

Инцидентот се случил во петокот во Бостон, а нивната тепачка стана тема во светските медиуми.

Сè започна за време на изведбата на песната „Ocean Size“, кога Фарел одеднаш почна да испушта чудни звуци и да пцуе во микрофонот. Откако тој вреснал, ситуацијата ескалирала и дошло до физичка пресметка со Наваро. Фронтменот го удира гитаристот во рамо, а брзо по тоа од мал инцидент настанува поголем хаос и се гасат светлата, а од публиката се слушнаа дополнителни удари.

Членовите на бендот ги раздвоија, а потоа се извинија на публиката и испратија порака за мир.

Најново

Последни колумни