На следната мисија на НАСА ќе одлетаат двајца астронаути помалку

НАСА соопшти дека на следната ракета која ќе биде испратена во вселената ќе има два астронаута помалку, за да се направи место за враќање на астронаутите кои се заглавени на Меѓународната вселенска станица.
Фото: NASA/Roscosmos

Астронаутите Ник Хејг и Александар Горбунов во септември со ракета на SpaceX ќе се упатат кон Меѓународната вселенска станица, од каде во февруари треба да се вратат Суни Вилијамс и Буч Вилмор.

НАСА одлучи дека е преризично за Вилијамс и Вилмор да се вратат назад со капсулата на Боинг, „Старлајнер“, која е оштетена и има проблеми со истекување на хелиум.

Тие се упатија на МВС во јуни и таму требаше да останат само осум дена, меѓутоа нивната мисија се продолжи.

Од  НАСА велат дека при носењето на одлуките ги земаат предвид искуствата со претходните летови во вселената и други фактори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни