На „Скопско лето“ вечерва перформанс на белгиската група „Инкар“

„Incar Dansspektakel“ е полупрофесионална танцова група од Лебеке, Источна Фландрија, која постои повеќе од 60 години

Вечерва од 20:00 часот во рамки на манифестацијата „Скопско лето“, во Сули ан ќе се одржи музички перформанс на белгиската танцова група „Инкар“.

„Incar Dansspektakel“ е полупрофесионална танцова група од Лебеке, Источна Фландрија. Постои повеќе од 60 години и се профилираше како постојан белег на фламанскиот културен пејзаж.

Во 2023 одбележа 65 години постоење со претставата „IC65“.

Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продавааат и на влезот на Сули ан.

65. издание на „Скопско лето“ се одржува на неколку локации низ градот и ќе трае до крајот на месец јули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни