На Сицилија откриени ретки римски сребрени монети

На островот Пантелерија покрај Сицилија, археолозите откриле 27 ретки римски монети од сребро, соопштија денес локалните власти.
Фото: REGIONE.SICILIA.IT

Тимот на археолози предводени од Томас Шефер од германскиот универзитетот во Тибинген ги открил монетите за време на проект на реставрација.

Монетите се пронајдени на еден од најголемите локалитети во Медитеранот кој вклучува остатоци од антички грчки колонии основани во седмиот век пред нова ера. На истото место во 2010 биле откриени 107 римски сребрени монети, а недалеку од таму пред неколку години се пронајдени и трите бисти на Цезар, Агрипин и Титус.

„Ова откритие дава важни информации за трговските контакти и политичките односи со Медитеранот од тоа време“ вели локалниот функционер Франчесто Паоло Скарпинато.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни