Оптометристот Џон Дрејер сподели совети за оние кои носат контактни леќи кои се важни кога станува збор за летните активности. Според Драјер, леќите не треба да се носат додека се плива, дури ни во базени каде што водата е хлорирана.
„Хлорот може да ги убие повеќето бактерии, но не сите, што значи дека бактериите може да се апсорбираат во контактните леќи и да ги оштетат вашите очи. Ова може да варира од блага иритација до инфекција на очите, па дури и да доведе до чир на рожницата во екстремни случаи“, објасни тој.
Треба да бидете внимателни и кога станува збор за очилата за сонце.
„Темните очила за сонце кои не ги блокираат УВ зраците можат да предизвикаат поголема штета отколку да не ги носите воопшто“, предупреди оптометристот.
Дрејер исто така забележува дека очите можат да изгорат на сонце, исто како и кожата.
„Фотокератитисот е привремено, но болно оштетување на рожницата и конјунктивата, што е проѕирниот слој на ткиво што ги покрива белките на очите. Се јавува кога очите се изложени на прекумерна сончева светлина и топлина, а може да доведе до главоболки, чувствителност на светлина, па дури и привремено губење на видот. Симптомите обично исчезнуваат во рок од 48 часа, но може да се минимизираат со соодветна УВ заштита“, додава тој.
Извор: Index.hr