На што да внимавате во ресторан – совети од познатиот готвач Гордон Ремзи

Одбегнувајте ги „специјалитетите на денот“, внимавајте кога некој премногу ги фали своите јадења и преговарајте за цената на виното. Според британскиот готвач Гордон Ремзи на овие три нешта треба да обрнете посебно внимание кога ќе појдете на ручек или на вечера во ресторан.

Тој особено предупредува на претпазливост на рестораните кои тврдат дека едно јадење е „познато“ или „најдобро на светот“. Што се однесува до изборот на вино, тој ги советува гостите да бараат оштетени или слабо продадени шишиња.

Еден интересен совет на Гордон се однесува на резервацијата на маса во ресторан. Вели: „ ако сакате да излезете на романтична вечера со вашиот партнер, резервирајте маса за тројца за да избегнете „да бидете во ќош“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни