Археолозите пронашле стапчиња за суфлаки кои датираат уште од бронзено доба, како и некои рани модели на скара на кои можело да се подготвува овој специјалитет. Откриените „послужавници за суфлаки“ датираат од микенската култура.
Теранската и микенската култура биле познати по нивниот луксузен животен стил, украсена и шарена облека, извонредна уметност и поморска трговија со други култури.
Најстарите стапчиња за суфлаки се откриени на Санторини и се претпоставува дека датираат од 2000 години пред новата ера. Постојат и траги за популарноста на суфлакито на Санторини и Крит уште од бронзеното доба.
Старите грчки текстови како Илијадата и Одисејата зборуваат за ваков начин на подготовка на месо, но како точно функционирало тоа беше непознато до неодамна.
Се чини дека античките микенци немале многу голем избор на храна, па поради тоа развивале различни начини на подготовка. Дел од ваквите иновации се и послужавниците за суфлаки, како и готвењето во тегли, помеѓу останатите техники.
Методот за подготовка на суфлаки е сличен на денешните скари, кои може лесно да се пренесуваат. Месото се сечело на сличен начин и било од јагне, свиња или овца, а со него се јадел и леб направен од различни житарки.
Извор: Greek Reporter