На први јануари се затвора култното место Излет кафе

…Излет беше место за воздигнување млади и нови артисти…Исто така Излет кафе беше во длабока конекција со култниот и легендарен ноќен клуб СЕКТОР 909

Излет кафе се отвори на 31.05.2009 год, затворањето ќе се случи на 01.01.2026…Неполни 17 години Излет беше култно место во Скопје, пишува на веб страната на кафулето.

„Тука настапија скоро сите дџ-еи и музичари на различни стилови музика од Македонија и голем дел од странство …Излет беше место за воздигнување млади и нови артисти…Исто така Излет кафе беше во длабока конекција со култниот и легендарен ноќен клуб СЕКТОР 909/ Sektor 909 … Не постоеше артист кој не го посетил Излет што настапил во СЕКТОР 909… Ова се некои од странските артисти кои имаат настапено во Излет : Derrick May, Gary Martin , Ian Pooley,Soichi,Thomas Neuman, Spencer Parker , Love Foxy, Mark Broom, Abu Haqq, Radio Slave, Funk D’Void, Nino Shebelic, Detroit in Effect и други“, пишува на социјалните мрежи

Од Излет кафе произлезе и Излет мјузик/ Izlet Music лабел кои направи светски достигнувања… Излет мјузик ги претстави следните проекти : Derrick May и Македонска филхармонија Охрид 02.08.2014,

Следеа настапи со истиот проект во: Gent- Belgija , Nica / Paris/ Metz – Francija, Melburn – Avstralija, London- UK, Detroit – Usa, Prishtina – Kosovo … Излет мјузик го претстави и проектот со Г-дин Juan Atkins и Београдски симфониски оркестар “The Originator”со истиот проект се настапи во Грузија и Охрид антички театар …

Овие проекти ќе бидат засекогаш запаметени во светската музичка историја, тоа е нашата нескриена гордост … Голема благодарност до сите инволвирани изминативе години, пишува во објавата на Излет кафе.

Дел од посетителите на Излет кафе на социјаните мрежи напишаа дека Скопје изгуби култен кафич.

„Ние изгубивме место каде што растевме.“17 години звук, луѓе, спомени и ноќи што не се повторуваат. Ова не беше само кафич, ова беше култура. Кафичот престанува да работи. Културата не. 17 години не се бришат со клуч. Една врата се затвора, ама трагата останува“, стои во една објава на социјаните мрежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни