Актерката и пејачка Зои Кравиц привлече големо внимание со својот смел стајлинг на забавата по доделувањето на Оскарите на Vanity Fair во Беверли Хилс, објавија странските медиуми.
Додека предниот дел од нејзиниот фустан беше целосно затворен и елегантен, задниот дел откри неочекувано изненадување – креацијата од тантела го истакна речиси целиот нејзин задник, оставајќи ги присутните без здив.
Да потсетиме, Зои Кравиц и Ченинг Тејтум неодамна решија да се разделат по три години врска. Веста за раскинувањето дојде набргу откако Кравиц беше забележана без нејзиниот веренички прстен. Претставниците на 44-годишниот Тејтум и 35-годишата Кравиц одбија да ја коментираат разделбата.

Двојката се запозна на снимањето на Blink Twas, режисерското деби на Кравиц, и се вери минатата година. И двајцата имаа претходни бракови – Кравиц беше во брак со Карл Глусман (2019-2021), додека Тејтум беше во брак со Џена Хуан (2009-2019), со која има ќерка.