Полицијата во Атина привела 125 учесници на протестот одржан по повод одбележувањето на втората годишнина од железничката несреќа во Темпи, во која загинаа 57 лица, пренесуваат грчките медиуми.
Заради протестот со ист повод, во Солун се уапсени 30 лица, пренесува “Катимерини”.
Инцидентите во Атина се случиле по завршувањето на маршот, во кој учествувале десетици илјади луѓе, а за време на инцидентите полициски службеник бил полесно повреден.