Хепберн, ѕвездата на филмовите „Појадок кај Тифани“, „Празник во Рим“, „Шарада“ и „Мојата прекрасна дама“, живеела во оваа вила од 1963 година до нејзината смрт во 1993 година.
Според New York Post, имотот од 10.764 квадратни метри, кој се наоѓа на околу 50 километри од Женева, бил во сопственост на само една фамилија откако синовите на Хепберн го продале во 2001 година.
По три децении исполнети со холивудски сјај, во куќата свој дом пронашле Катарина и Жан-Марк Бужолин, кои тука ги одгледале своите шест деца. Но, сега, кога децата тргнале по свој пат, имотот станал преголем за нив и решиле да го продадат.
Иако куќата со 12 спални соби и 8 бањи е целосно реновирана, легендарните бели рози на Хепберн – подарок од нејзиниот близок пријател и моден дизајнер Живанши – сè уште растат во градината, сведочејќи за едно минато полно со убавина и стил.