На прагот сме да постигнеме договор со САД, најави Зеленски

„Во овој контекст, потребно е притисокот врз Русија да продолжи да се зголемува со ист интензитет“ рече Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека документот со кој се дефинираат безбедносните гаранции на САД за Украина „сега е во суштина подготвен за завршување на највисоко ниво со претседателот на Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина продолжи:

„Важно е Украина успешно да ги обедини напорите на европските и американските тимови и што заедно разговаравме, меѓу другото, за документи за реконструкција и економски развој.

„Беа дискутирани и сложени прашања од основната рамка за завршување на војната, а украинската страна презентираше можни опции за комплетирање на тој документ“, рече Зеленски.

Зеленски додаде:

„Разбираме дека американската страна ќе контактира со Русија и ќе очекува повратни информации за тоа дали агресорот е навистина подготвен да ја заврши војната. По враќањето во Киев, нашиот преговарачки тим ќе извести за сите детали од состаноците“, рече Зеленски.

Тој, исто така, додаде дека Украина ќе ги „информира своите партнери за последиците од [ноќните] напади на Русија, кои очигледно не укажуваат дека Москва ги преиспитува своите приоритети“, рече Зеленски.

„Во овој контекст, потребно е притисокот врз Русија да продолжи да се зголемува со ист интензитет како и работата на нашите преговарачки тимови. Одржливоста на идните безбедносни гаранции мора да се докаже со способноста на нашите партнери да извршат ефикасен притисок врз агресорот во оваа фаза. Подготвуваме нови релевантни контакти со партнерите“, рече Зеленски. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни