Според информациите на Косовската полиција, една граната детонирала, но за среќа нема повредени лица. Експлозијата се случила 20 минути по полноќ.
„По пристигнувањето на полицијата, забележано е дека во зградата се наоѓала и втора неексплодирана граната. Локацијата е обезбедена, а жителите привремено се евакуирани. Специјализираната единица за ракување со експлозивни направи успешно ја уништила гранатата“, стои во соопштението на Косовската полиција.
Полицијата го третира инцидентот како „предизвикување општа опасност“, а антитерористичката единица активно работи на откривање на напаѓачите. Државниот обвинител наложил истрагата да се води по овој основ.
Косовската полиција ја осуди оваа опасна акција и апелираше до граѓаните да соработуваат со властите за идентификување на сторителите.
Овој напад следува по сличен инцидент во ноември минатата година, кога беше нападнат каналот Ибар-Лепенец, кој снабдува неколку водоводи и термоелектрани на Косово.