Гордоста може и да не спречи да си ги признаеме своите грешки, да побараме прошка или да покажеме ранливост.
Во личните односи, кариерата или секојденвниот живот, премногу гордост може да биде пречка која не оддалечува од вистинската среќа и од внатрешниот мир.
И покрај тоа, одредени хороскопски знаци дозволуваат нивната гордост да домиинра во нивните постапки и одлуки, често и на нивна штета.
Лав
Лавовите се познати по нивната гордост, што е дел од нивната силна и харизматична личност. Нивната желба секогаш да бидат во центарот на вниманието и да бидат препознаени за нивните достигнувања често ги спречува да ги признаат своите грешки. Лавовите тешко прифаќаат критики, а уште потешко признаваат дека им е потребна помош, што може да доведе до проблеми во врските и професионалниот живот.
Јарец
Јарците се многу горди на својата работна етика и успехот што го постигнале со сопствени напори. Меѓутоа, нивната гордост често води до изолација од другите, бидејќи не сакаат да ги признаат слабостите или да покажат дека им е потребна поддршка. Ова може да доведе до чувство на осаменост и неможност целосно да уживаат во успехот што го постигнале.
Овен
Овните се познати по силниот карактер и тврдоглавоста. Нивната гордост често ги спречува да се откажат од конфликт или да признаат пораз, дури и кога тоа е во нивен најдобар интерес. Овните се склони кон импулсивно однесување, кое, поттикнато од гордоста, може да доведе до непромислени одлуки и конфликти со другите.
Шкорпија
Шкорпиите се исклучително горди на нивната емоционална сила и способност да ги контролираат своите чувства. Сепак, оваа гордост може да ги спречи да ја покажат својата ранливост и да побараат поддршка кога им е најпотребна. Нивната потреба за контрола често ги оддалечува од блискост со другите, што може да биде пречка за среќа во нивните односи.
Бик
Биковите се познати по својата тврдоглавост и гордост во своите верувања и вредности. Тие ретко се менуваат, дури и кога им е јасно дека компромисот би бил покорисен. Оваа гордост може да создаде пречки во личните и професионалните односи, што им отежнува да постигнат среќа и задоволство.