Остров во Европа каде носењето огнено оружје е ваша должност: Локалните власти препорачуваат пушки или сигнални пушки

Причината е – поларни мечки.

Шпицберген во Норвешка е најголемиот и единствен трајно населен остров во рамките на архипелагот Свалбард, сместен длабоко на северот од Европа, во Арктичкиот Океан. Со површина од околу 37.673 квадратни километри, островот е под норвешка администрација и има околу 2.000 жители, претежно Норвежани.

Просечната плата во Свалбард е околу 2.500 евра, но трошоците за живот се исто така исклучително високи. Земјата е трајно замрзната, ништо не расте, па целата храна се доставува со бродови и авиони.

Поларниот ден трае од крајот на април до крајот на август, сонцето не заоѓа 100 дена.
Поларната ноќ владее од крајот на октомври до средината на февруари, темно е 24 часа на ден.
Ваквите услови значително го нарушуваат биоритамот и секојдневниот живот.

Поларните мечки се постојана закана

Околу 300 поларни мечки живеат во Свалбард, па затоа носењето огнено оружје е задолжително надвор од населените места. Канцеларијата на гувернерот препорачува пушки, поради нивната сигурност во сурови временски услови, како и сигнални пиштоли за повикување помош и означување на локацијата, пишува BIZLife.

Оние кои планираат трајно да се населат мора да добијат дозвола за носење оружје (чини околу 126 евра), а процесот трае околу четири недели, под услов да ги исполнувате сите критериуми

Во најголемата населба Лонгирбјен, шетањето со пиштол е дозволено само ако е празен, без куршум во цевката. Забрането е влегување во продавници со оружје: пушката ја оставате во посебен шкафче пред зградата и ја земате кога ќе излезете.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни