На Олимписките игри во Париз за прв пат во историјата ќе има ист број машки и женски натпреварувачи, што претставува голем чекор во постигнувањето еднаквост меѓу машките и женските спортисти, но и испраќа силна порака дека секој човек од најраната возраст заслужува можност да спортува и тренира, без разлика на пол, здравствена или имотна состојба, потекло, изглед или некоја друга лична карактеристика.
Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 се први во историјата кои достигнаа родова еднаквост.
„Заедно можеме да одиме побрзо, повисоко, посилно за да ја направиме родовата еднаквост реалност. Играта се менува. Напредокот не застанува тука. Со очекувана глобална публика од 3 милијарди, овогодинешните игри ќе имаат подеднакво покривање во ударниот термин на сите настани, ставајќи ги сите спортисти во центарот на вниманието. На игрите ќе има и повеќе женски и мешани настани, нудејќи повеќе можности за жените да освојуваат медали„ , се вели во анализата на UN.