Настани за најмладата публика во Опшитна Центар

„На одмор сум, во Скопје сум“

Настан под слоганот „На одмор сум, во Скопје сум“ ќе случува од 25 до 28 јуни во општина центар на различни активности на различни локации.

,,Ве повикуваме сите вас кои сте во Скопје, сите ученици кои се на летен распуст, а не се на одмор.Сакаме да ве разиграме, и да ве размрдаме со спортски и рекреативни активности но и со следење на детски театарски претстави и организирани креативни работилници. Започнуваме овој вторник од Паркот во Капиштец”, порачуваат организаторите.

Во прилог е програмата

25.6.2024 година, вторник од 19:00 – 20:00 часот- Баскет со кошаркарите на КК Работнички

26.6.2024 година, среда од 19:00 – 20:00 часот, локација: Детско игралиште пред ТЦ „Зебра“Едукативна работилница со Стела и Сани

27.6.2024 година, четврток од 19:00 – 20:00 часот, локација Парк Капиштец, Детска театарска претстава „Солта поскапа од злато“ – Театар Среќа

28.6.2024 година, петок од 18:30 – 20:30 часот, локација: Парк на Франкофонија- Детска театарска претстава „Далматинко“

Интерактивен концерт со „Стела и Сани.

Настанот е планирано да заврши со настап на популарен детски музички бенд или популарни анимирани ликови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни