На младото момќе (18) кој со својот автомобил прегази две лица при денешната блокада пред Заводот за ментално здравје во Белград, одредена му е мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело обид за тешко убиство, соопшти денеска Вишото јавно обвинителство.
Две жени вработени во заводот се полесно повредени.
Осомничениот во рок од 48 часа ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.