Синоќа на покана од Кралот Фелипе VI, и Принцезата Леонор, Амбасадорот Адеми учествуваше на доделување на наградите ‘Princesa de Asturias’, во Овиедо, каде Светлана Мојсов, македонска хемичарка која живее и работи во САД е една од добитничките на престижната награда за 2024 година, во категоријата за научно и техничко истражување. Таа заедно со уште четворица научници истражувањата што ги спровеле имале значаен клинички и социјален импакт, и дека го подобруваат квалитетот на живот за стотици милиони луѓе ширум светот, а како резултат на нивниот придонес во развивањето ефективни лекарства за справување со дијабетес и дебелината, како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.