Насилството избувнало во хотел и надвор на улица во Алкудија, туристички град во североисточна Мајорка, вчера во раните утрински часови.
Неколку млади се пренесени во болница, меѓу кои и еден кој се здоби со убодна рана. Властите соопштија дека повредата не е опасна по живот.
Локалните медиуми јавија дека полицијата имала проблеми да ја прекине тепачката, дури и откако повикала засилување. Учесниците наводно користеле предмети како оружје. „Беше тотален хаос“, изјави полицаец за весникот „Диарио де Мајорка“.
Останува нејасно што ја поттикнало тепачката, пренесе ДПА.
Според властите, во хотелот имало околу 2.700 ученици од шпанското копно и Португалија. Полицијата веќе реагираше на неколку немири на истото место во деновите пред тепачката.
Мајорка забележа пораст на посетители за време на велигденските празници, со бројка што се приближува до нивото на летната сезона.