На кутии за кукли за деца биле испечатени линкови до порно страници

Американската компанија за играчки „Мател“ се извини откако амбалажата со кукли од анимираниот филм „Wicked“ по грешка била испечатена со адресата на веб-страницата на една порно страница.

Куклите се пуштени во продажба пред премиерата на филмот „Wicked“, објави Гардијан. На куклите Глинда и Елфаб, главните ликови во филмот, била испечатена погрешна веб-адреса.

„Мател е свесен за грешка при печатење на пакувањето на куклите од колекцијата Mattel Wicked, првенствено продадени во САД“, велат од компанијата.

Куклите се „во моментов недостапни“ на американската веб-страница на Amazon. Анимираниот филм „Wicked“ е адаптација на многу успешниот сценски мјузикл и ќе се емитува низ целиот свет кон крајот на овој месец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни