На кралот Чарлс му е дијагностициран рак

LONDON, ENGLAND - JANUARY 29: King Charles III departs after receiving treatment for an enlarged prostate at The London Clinic on January 29, 2024 in London, England. The King has been receiving treatment for an enlarged prostate, spending three nights at the London Clinic and visited daily by his wife Queen Camilla. (Photo by Carl Court/Getty Images)

Од Бакингемската палата денес објавија дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак. За каков вид на рак станува збор сеуште не е објавено, а бил откриен кога неодамна кралот се лекувал поради проблеми со простата, иако не станува збор за рак на простатата.

Кралот започнал со „редовни третмани“ и ќе ги одложи обврските за време на лекувањето, соопштија од палатата.

Чарлс Трети (75) ќе ги одложи јавните ангажмани а другите членови на кралското семејство ќе му помагаат за време на неговото лекување. Од палатата не беа објавени детали за стадиумот или прогнозата на ракот.

Чарлс лично ги информирал двата сина за неговата дијагноза, а принцот од Велс бил во редовен контакт со неговиот татко.

Војводата од Сасекс, принцот Хари, кој живее во САД, разговарал со својот татко и ќе отпатува во Велика Британија за да го види во наредните денови.

Иако ќе ги паузира своите јавни настани, кралот ќе продолжи со својата уставна улога како шеф на државата.

Кралот избрал да излезе во јавноста со информации за ракот и неговата здраствена состојба  бидејќи бил покровител на голем број добротворни организации поврзани со ракот кога бил принц од Велс- соопштија од палатата.

„Во оваа функција, Неговото Височество честопати јавно зборуваше за поддршка на пациентите со рак, нивните најблиски и прекрасните здравствени работници кои помагаат во грижата за нив.”

Тој, исто така, излезе во јавноста за неговиот третман на простата, со цел да охрабри повеќе мажи да прават проверки на простатата.

Кралот Чарлс бил воодушевен што ја подигнал свеста за ова прашање откако голем број на веб-страници известуваа за пораст на прашања за состојбите на простата.

Извор: https://www.bbc.com/news/uk-68208157

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни