На коралите во Австралија им се заканува изумирање поради климатските промени

Во текот на летото, кое беше жешко на австралискиот континент оваа година, температурите на водата во океаните се зголемија за четири степени Целзиусови, што предизвика белење на двата најголеми корални гребени во Австралија истовремено.
Фото: Instagram/ australianmarinescience

Истражувачите велат дека коралните гребени во заливот Ајкула во Западна Австралија се исто така изложени на ризик.

Гребенот Нингало е прогласено за место кое е светско наследство и се наоѓа на северозападниот брег на Западна Австралија. Областа зафаќа околу 705.015 хектари, околу 1.200 километри северно од Перт, долж источниот дел на Индискиот Океан.


Покрај оваа област, дел од Светското наследство е и Големиот корален гребен на исток, кој, како и западниот дел, е богат со корали кои биле погодени од силно избелување, што дополнително ги загрижува океанолозите и еколозите кои се занимаваат со коралите.

Глобалното затоплување и особено жешкото лето оваа година во Австралија, предизвика голем „топлински стрес“ кој го уништува здравјето на коралните гребени, што резултира со белење на коралите низ големи површини од нивните живеалишта.

Тимови од научници спроведуваат нови истражувања и ги истражуваат можните причини за тековното белење на коралите во овие области.

Два од најпознатите австралиски корални гребени, Нингалу на западниот брег и Големиот корален гребен на исток, истовремено се погодени од силно избелување на коралите, феномен што експертите го нарекоа „длабоко вознемирувачки момент за коралите“.

Пол Гамблин, главен извршен директор на Австралиското здружение за зачувување на океаните, рече дека историјата ќе го запише ова како длабоко вознемирувачки момент за коралите, бидејќи и двата корални гребени во Австралија беа истовремено погодени од белење.

Коралите избелуваат кога доживуваат таканаречен стрес, поради покачените температури на океаните, а коралите потоа ги губат природните бои, структурата… Кога коралите умираат, гребените релативно брзо се рушат.

Фото: Instagram/ australianmarinescience

Коралите можат да се опорават од благо белење, но тешкото или долгорочното белење најчесто е фатално. Коралите можат да толерираат кратки периоди на повисоки температури, но ако овие високи температури продолжат, коралните алги го напуштаат коралите како одговор на продолжениот топлински стрес. Без овие алги, коралите ја губат бојата, избледуваат и стануваат целосно избелени.

Белењето обично е најлошо кај коралите кои растат во плитка вода, како што се мирните лагуни. Лагуните често имаат бистри води со висока пенетрација на светлина и ограничено истекување на вода.

Многу од австралиските корални гребени се стари неколку стотици години, а некои од нив неколку пати преживеале белење.

Извештаите од европските организации кои се занимаваат со климатските промени во рамките на ЕУ покажуваат дека температурите на морето биле повисоки во последните три децении.

„Масовното белење на коралите, на области од неколку стотици или дури илјадници километри, се смета за едно од најштетните влијанија на глобалното затоплување“, велат истражувачите од Националната управа за океани и атмосфера.

„Иднината на океанските екосистеми и коралните гребени ширум светот е во фокусот на заштитата, вклучително и Големиот корален гребен, Карипското Море, Јужниот Атлантик, Црвеното Море…“, рече Летиција Карваљо, шеф на програмите на ОН за поморски и океани.

Во следните месеци коралите ќе продолжат да се во лоша здравствена состојба, а може да бидат загрозени од видовите полжави кои јадат корали. Некои од коралите може да преживеат, но тие ќе се борат со репродукцијата и имунолошкиот систем.

Како што наближува зимата на јужната хемисфера, океаните ќе почнат да се ладат, па заканата за здравјето на коралите ќе престане.

Како што наведоа истражувачите, ако продолжиме со последиците од глобалното затоплување, настаните од избелување на коралите на источниот и западниот брег на Австралија ќе станат „нова нормала“, а тоа би било катастрофално за коралните гребени, морскиот биодиверзитет, сината економија и благосостојбата на Австралијците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни