На клупата на РК Вардар седнува човекот што му донесе европска титула

Вардар за мене е втор дом. Голем клуб, поголем од сите нас. Целта ми е да ја вратиме титулата таму каде што ѝ е местото – изјави Чупиќ

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е промовиран во нов тренер на Вардар 1961 со кој освои две европски шампионски титули во текот на својата кариера.

Чупиќ (39)  доаѓа на местото на Гиљермо Милано, а претходно работеше како тренер во Ракометниот клуб Метковиќ од Хрватска.

– Вардар за мене е втор дом. Голем клуб, поголем од сите нас. Целта ми е да ја вратиме титулата таму каде што ѝ е местото – изјави Чупиќ, кој додаде дека е задоволен од засилувањата што ги договорил клубот претходно и дека нема потреба од нови имиња.

На прес-конференцијата, претседателот Михајло Михајловски откри дека постои неизвесност околу иднината на Стојанче Стоилов во стручниот штаб.

– Столе е легенда, но мислам дека моментално не е подготвен да го води тимот. Ќе разговараме со него за можни улоги во клубот – рече Михајловски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни