“На кино па Олабај” со Манаки Off

Во срцето на Битола, каде што се надоврзуваат реалноста и фантазијата, се наоѓа простор исполнет со илузии, филмски и уметнички приказни

Од 20 до 27 септември започнува програмата на Манаки Off – “На кино па Олабај”.

,,Во срцето на Битола, каде што се надоврзуваат реалноста и фантазијата, се наоѓа простор исполнет со илузии, филмски и уметнички приказни. Ова место е повеќе од физички простор; тоа е врата кон светови каде што можностите се безгранични, а новите чувства и доживувања испаруваат од секоја пора на каменот. „На Кино па Олабај“ е почетната точка на твоето лично поврзување со филмот. Не заборавај “кој ти е филмот”, “тепај си го филмот и око да не ти трепни” затоа што Олабај е на Манаки, а Манаки сите не’ кадросва” порачуваат организаторите.

Програмата на Манаки Офф

20 септември (петок)

20:00, кино Манаки- Проекција на документарниот филм „Патување пеш“ (The Walk) на режисерката Тамара Котевска

21 септември (сабота),

19:00, Центар за култура „Џиновска книга на црвениот тепих“ – 45 години Интернационален фестивал на филмска камера Браќа Манаки. Развојот на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки преку креативните визуелни решенија, занимливости и факти во изминатите 45 години

23–27 септември (понеделник-петок),

11:00–19:00, КЦ Магаза- Илузиум „Кој ти е филмот? “Креативна поставка која ќе те понесе во сопствениот филм, а понатаму, што ќе правиш со тие кадри е само твоја одлука. Поставка која ја поттикнува фантазијата, ја храни интелегенцијата, ја раскажува историјата и ја меморира сегашноста

23 септември (понеделник),

18:00, КЦ Магаза- Промоција на Фото-монографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ на авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ Промоторка: Наде Геневска-Брачиќ

24–27 септември (вторник-петок),

Мала сала на Центар за култураФилмска работилница за млади “Наследниците на Манаки“ под менторство на кинематограферот Димо Попов и режисерката Марија Џиџева

24 септември (вторник),

17:00, КЦ Магаза- Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ Изложба на фотографии, графики и видео-арт Автор: Игор Трајковски Фоја – писател, фотограф, сценарист, графичар, уметник

25 септември (среда),

12:00, КЦ Магаза- Работилница за изработка на накит “Chaotic Charming Creations” („Хаотични Шармантни Креации“) – Сташа Божиновска

26 септември (четврток),

17:00, КЦ Магаза- Mотивациска изложба: „Биди малку смела“ на Ангела Христовска

27 септември (петок),

17:00, КЦ Магаза- Kреативни уметнички работилници by SOLAK

https://manaki.com.mk/mk/na-kino-pa-olabaj-so-manaki-off-2024/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни