Целиот свет со неверување гледаше како најмоќниот човек на светот нетрпеливо ја пречекува својата сакана од вселената. Иако звучи како шега, но навистина се случило. Џеф Безос организираше цела моминска забава на која неговата свршеница Лорен Санчез ги однесе своите 5 пријателки.
Станува збор за 11-минутен лет во вселената, во кој уживаа шест дами кои размислуваа само дали ќе им се откачат вештачките трепки или не.

И додека го гледаа вознемирено и збунето, многумина заборавија дека станува збор за човек кој е еден од најбогатите на планетата, а воедно и најпаметниот.
Неодамна, Ан Хајат, успешна бизнисменка, откри какво било нејзиното интервју за работа во компанијата на Џеф Безос.
Во периодот од 2002 до 2005 година, таа била негова лична асистентка, па во интервју за „CNBS“ објаснила како се вработила кај основачот на Amazon.

Откако помина низ неколку тешки рунди на елиминација во Центарот за проценка, последната во низата беше интервју со милијардерот, кој во тоа време беше извршен директор.
Џеф ја праша кои се нејзините кариерни цели.
„Одговорив дека компанијата Амазон е полна со страствени и амбициозни луѓе и тоа ме мотивира. Му реков: „Сакам да бидам како нив и да научам што тие знаат“. Тие имаат знаење во областите што јас лично сакам да ги развијам, па затоа вредноста на тоа искуство е очигледна, иако се чини дека отстапува од мојата цел да бидам тој што ќе подучува некого“, се присетува Хајат.
Сепак, како и сите други кандидати, и таа била видливо изненадена од второто прашање.
„Безос го започна разговорот ветувајќи дека ќе ми постави две прашања и дека второто од нив ќе биде „забавна“ загатка. „Сакам да процениш колку прозорци има во Сиетл“, ми рече, потоа стана, зеде молив и рече дека ќе изброи.

За момент бев преплашена. Потоа застанав да се смирам, потсетувајќи се себеси да размислам што го мотивираше да ми постави такво прашање. Сака да види како ми работи умот, си реков. Тој сака да види како го разложувам комплицираниот проблем на мали, лесни за управување чекори. Можам да го направам тоа, си помислив – се присети таа, а потоа откри како одговорила на ова комплицирано прашање.
Ана ја започнала пресметката со заокружување на населението на Сиетл на околу еден милион, претпоставувајќи дека секој од нив имал куќа, возило, канцеларија или училиште што го посетувал, од кои сите имале прозорци.
Таа ја базираше целокупната проценка на просечниот број прозорци по глава на жител.
„Ги разгледавме сите сценарија, аномалии и можни начини за објаснување на исклучоците. Имав впечаток дека разговаравме за тоа со часови додека Безос ги запишуваше бројките на таблата, и сигурна сум дека тоа не траеше повеќе од 10 минути“.
Исто така, се сеќавам дека беше доста емотивен кога ја пишуваше конечната оценка. Тој го заокружи бројот и рече: „Ова изгледа прилично точно“, додаде таа.
Ана денес му е благодарна за она што ја научил.
„Тој го процени мојот потенцијал поставувајќи ми прашања што требаше да утврдат дали имам доволно храброст, сила и мотивација да го следам сопственото темпо и постојано да ги поместувам моите граници и да напредувам“, заклучи таа.