Започна кампањата за интернет без врсничко насилство и без говор на омраза, движење предводено од деца за похуман онлајн свет.
Прашани каде е местото на говорот на омраза, младите ќе кажат- во тоалет шољата.
Кампањата предводена од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком се стреми на децата да им даде моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што одговараат на нивното сопствено искуство и се во линија со нивните секојдневни борби на интернет.
,,Нашата цел е да им понудиме на девојчињата и момчињата социјални вештини и стратегии за справување, да ја градиме нивната отпорност, а воедно да ја подигнеме јавната свест за последиците од онлајн врсничкото насилство врз физичкото, менталното и емоционалното здравје“ рече претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер.
Сакаме, вели таа да создадеме движење во кое децата ќе се спротивстават на врсничкото насилство онлајн и ќе промовираат човечност и љубезност во дигиталниот свет.