На Европската недела на млади во Брисел имаше учесници ѝ од Македонија

Младите се иднината на едно општество. Нивното вклучување во сите процеси е од клучно значење за напредок и развој.

Почетокот на Европската недела на млади и оваа година се одбележа во Европскиот парламент во Брисел каде присуствуваа претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, заедно со млади лица од нашата држава.

Во рамки на овој настан се реализираа голем број паралелни сесии и работилници на различни теми, ментално здравје, демократија, избирачки процеси, млади во политика, родова еднаквост и се со цел, поголемо вклучување и придонес на младите.

„Ние продолжуваме да ги поддржуваме младите во нивните подвизи, да ги охрабруваме нивните иницијативи и идеи“, изјавуваат од од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни