Atlanterhavsveien или Атлантскиот пат во Норвешка е вистинско чудо на градба и своевидна авантура за оние кои го поминуваат.
Изграден над острови и гребени, кои се поврзани со вијадукти, овој пат долг 8,2 километри е дел од норвешкиот државен пат 64 и поврзува голем број помали острови во округот Море и Ромсдал на западот на земјата.
Како дел од патот има неколку насипи и дури осум мостови, од кои најпопуларен е Storseisundet, кој се издига 23 метри над морето.
Но, и тоа не е доволно за да се заштитат автомобилите на патот од навлегување вода за време на невреме.
Атлантскиот пат во Норвешка
Атлантскиот пат во Норвешка е инженерско чудо кое не престанува да го фасцинира светот. Возењето по бурно време е вистинска авантура која не се препорачува за неискусните возачи Фото: Винфрид Ротермел / ДПА / Профимедија
Возењето по Atlanterhavsveien се претвора во вистинска игра на нерви кога ќе почне да врне или кога Норвешкото море се разбранува. Не само што маглата и облаците ја намалуваат видливоста на патот, туку и вниманието на возачите им го одвлекуваат водените завеси кои наеднаш се издигаат над автомобилот.
Затоа овде возат само најискусните возачи со одлична координација.
А сепак, Атлантскиот пат во Норвешка е еден од најубавите патишта во светот поради околината и природата низ која минува.
Кривулест пат кој го мијат опасните бранови на норвешкото море, а минува низ архипелагот Еиде и Аверој.
Сериозното планирање на патот започна во 1970-тите, но изградбата започна дури во 1983 година.
Наплатата на патарините требаше да трае 15 години, но до јуни 1999 година патот беше платен, поради што патарината беше укината.
Денес, Атлантскиот пат е културно наследство и е класифициран како Национален туристички пат. Тоа е популарна локација за снимање реклами за автомобили и е избрана за најдобар пат за патување во светот.
За сето горенаведено, ако вашето патување ве однесе во Норвешка, или планирате, не пропуштајте да поминете на овој начин.
Секако, се подразбира дека треба да ја следите временската прогноза, а доколку врне во ваша близина, воланот препуштете му го на поискусен возач.