На дочек на Нова година во Шуто Оризари

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги повика сите скопјани на незаборавна прослава за дочекот на Новата година на плоштадот во неговата општина.

„Додека центарот на Скопје останува празен и без идеја за празнична програма, ние во Шуто Оризари подготвивме вистинска новогодишна магија за сите генерации. Почнувајќи од 12:00 часот, ќе имаме програма за најмладите, а забавата ќе трае до раните утрински часови со уникатна ромска музика и песна,“ порача Дудуш, додавајќи дека сите граѓани се добредојдени да ја почувствуваат вистинската празнична атмосфера.

Општина Шуто Оризари ветува ден и ноќ исполнети со музика, веселба и забава, што ќе ги обедини скопјаните на незаборавен начин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни