На 17 септември 1943 година во селото Подвис, Кичевско, почнало да работи првото училиште на македонски јазик.
При влегувањето на учителот во училницата во училиштето во Подвис, учителот поздравувал „смрт на фашизмот“, а учениците отпоздравувале со „слобода на народот“.
Во 1943 година сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување. Училиштето е отворено Важне во 1943, речиси една година пред одржувањето на АСНОМ во август 1944
Спомен-плочата, која била поставена на зградата, мештаните ја извадиле и ја преместиле во новиот дел на Подвис, во неговиот низински дел и е единствен потсетик на тоа што се случило таа 1943 година.
Зградата на училиштето, каде првпат се одржала настава на современ македонски јазик на првата слободна територија во Македонија, денес е запуштена, а дотаму се стигнува единствено со теренско возило.