На денешен ден Самобор, во печатницата на Драгутин Шпулер е испечатена збирката ,,Бели мугри”

Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“

На 25 ноември во Самобор, во близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер во 4000 примероци е испечатена збирката ,,Бели мугри”.

Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“.

Збирката претставува извонредна поетска слика на најтипичните социјални појави во Македонија пред почетокот на Втората светска војна.

Димитар Митрев во 1946 година за збирката ,,Бели мугри” ќе напише:,,Во поезијата на Рацин сретнуеме и немалу јазикови достиженија. Тоа го јарко истакнуе како еден редок познавач на нашиот јазик и тоа уште повеќе се наложуе кога се има пред очи, дека Рацин започна со поезија токму во самиот почеток нa литературното оформуење на македонскиот јазик.

Одличен познавач на нашата народна песна, која за нас Македонците за долго време ќе остане здравиот извор на јазиково творчество, од којшто треба да црпиме со полни раце, Рацин напиша прекрасни стихови по мотив од народните песни. („Ленка”, „Татунчо”, „Елегии” и др.)

Но тој, макар и да ја исползуеше народната песна и да се учеше од неа, не остана со нејзините художествени средства.

,,Народната песна му послужи само како основ и тој врз тој основ започна да гради едно навистина ново, модерно по форма и содржина художествено творчество. 3апознат од основа со прашањата на општата теорија на искуството, тој арно знаеше дека повикот на новата поезије е: новата содржина ја гони новата форма и самиот тој тргна кон истото”, ќе напише во својот осврт Академик Иван Катарџиев и ќе додаде:

,,Најарно постигнато го гледаме тоа во „Копачите”, каде Рацин достигна дејствително една нова содржина, облечена во една нова форма. И самиот стих тука е даден во еден нов, „мајаковски” строј, во една ударничка метрика:

Се к’ти ноќта црна! Се рути карпа – мрак! и петли в село пејати зората се зори – над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден!”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни