На денешен ден пред 63 години, Иво Андриќ ја доби Нобеловата награда за литература

Еден од најголемите писатели на сите времиња, Иво Андриќ во 1961-ва година ја доби Нобеловата награда за романот „Мостот на Дрина“ и стана првиот човек од поранешна Југославија што ја доби оваа престижна награда.

Наградата на Андриќ му ја врачил шведскиот крал Густав Шести, а во описот на наградата пишувало: „за епската моќ со која обликуваше теми и ги прикажуваше судбините на луѓето низ историјата на неговата земја“.

Со добивањето на Нобеловата награда, Андриќ добил и парична награда во износ од еден милион долари кои потоа ги донирал за развој на библиотекарството во Босна и Херцеговина, а за истата цел подоцна ги донирал и паричните награди на АВНОЈ (1967) и Двадесетедмојулска (1970).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни