Роден е во Тупело, Мисисипи, на 8 јануари 1935 година. Растел во сиромашни услови, а првата снимка ја направил на 19 години како подарок за својата мајка. Неговиот талент веднаш бил препознаен, а со песната „That’s All Right“ ја започнува револуцијата во музиката.
Со хитовите „Heartbreak Hotel“, „Hound Dog“ и „Don’t Be Cruel“, Елвис ја освои Америка и предизвика хистерија кај младите. Неговите движења на сцената беа сметани за провокативни, па дури и цензурирани на телевизија. Но, тоа не го спречи да стане симбол на една нова ера.
Присли сними повеќе од 30 филмови, а песни како „Love Me Tender“, „Jailhouse Rock“ и „Burning Love“ се класика до ден денес. Војската, филмовите, бракот со Присила и ќерката Лиса Мари беа дел од неговиот јавен и приватен живот, но и падовите не го одвоија од љубовта кон музиката.
Во последните години, Елвис се бореше со зависност од лекови, прекумерна тежина и нарушено здравје. На 16 август 1977 година бил пронајден без свест во својата вила Грејсленд, каде што и денес почива. Грејсленд е претворен во музеј и секоја година привлекува милиони посетители од целиот свет.
Елвис Присли остана засекогаш запаметен како „Кралот на рокенролот“, човекот што ги урна музичките бариери и ја инспирираше иднината на популарната култура.